Уличното активистичко списание „Лице в лице“се приклучи кон глобалниот настан за одбележување на Меѓународната недела на продавачи на улични весници од 4 до 10 февруари.

Mанифестацијата се одржува како дел од активностите на Интернационалната мрежа на улични весници (ИНСП), со седиште во Глазгов.
Низ 600 градови во светот, меѓу кои преку „Лице в лице“ е вклучен и градот Скопје, на шест континенти, 140 улични весници ги поттикнуваат уличните продавачи да заработат за пристојна егзистенција и да се издигнат над сиромаштијата во која се нашле. Во мрежата се вклучени 28 000 продавачи кои секојдневно на улиците на Скопје, Белград, Загреб, Милано, Глазгов, Манчестер, Кејп Таун, Мелбурн ги продаваат овие изданија и се борат против сиромаштијата.
Денеска, на уличните продавачи аим се придружија поп пејачката Каролина Гочева, академскиот сликар Сергеј Андреевски, водителот Жарко Димитриоски и модните дизајнери Тања Кокев и Ненад Секрирарски. Тие заедно со продавачите излегоа на плоштадот да го промовираат списанието.
Во списанието се разработени теми, кои, според, Климентина Илиевски координатор на регионалната платформа за активизам „Лице в лице“ за Македонија, се маргинализирани во останатите медиуми.
– Се залагаме за демаргинализција на групите, ги поттикнуваме уметниците да создаваат активистичка уметноста, се залагаме за здрава животна средина. „Лице в лице“ е списание кое прави ментална хигиена и поттикнува на вистински вредности, рече Илиевски.