Дипломатскиот судир меѓу Турција и Холандија добива апсурдно продолжение со протерувањето на 40 холандски крави од Турција.
Турското Здружение на произведувачи на црвено месо одлучило да и ги врати на Холандија 40 холштајн крави во знак на протест поради одлуката на холандските власти да не дозволат турски функционери да одржуваат предизборни собири во оваа земја.
Булент Тунк, претседател на Здружението, во соопштението упатено до весникот Хуриет наведува дека на Холанѓаните им испратиле симболичен број крави и доколку не ги прифатат, тие ќе бидат испратени во кланица, а месото ќе биде подарено, објавува порталот Ал Монитор и Раша Тудеј.
Во текот на дипломатскиот спор, Собранието на Истанбул го раскина и протоколот за збратимување со Ротердам.
Турција во понеделникот ги суспендира дипломатските односи на виоско ниво со Холандија, протерувајќи го амбасадорот и забрана за слетување на авиони со дипломати, во знак на освета за забраната на Холандија на министрите од Анкара да им се обратат на Турците кои живеат таму, на собири за претстојниот референдум за пропирување на овластувањата на претседателот.




