Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која ја поддржува владата на Јемен во борбата против бунтовниците Хути, тврди дека пресретнала балистичка ракета во близина на градот Ријад.
Како што пренесува Си-Ен-Ен, сведоци во главниот град на Саудиска Арабија слушнале експлозија и споделувале видеа на социјалните мрежи и од димен облак во воздухот.
Телевизијата на движењето на Хутите, наречена ал-Масира известила дека тие исфрлиле ракета Буркан-2 кон седиштето на саудиските власти во палатата Јамама.
Минатиот месец, слична ракета беше насочена кон аеродромот во Ријад.