Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спровод од Шутка до ЈО: Боки-13 со кривични пријави против функционери и бизнисмени

0
By Нова ТВ on June 25, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 25, 2020 11:54

Бојан Јовановски, по претходно добиена дозвола од Кривичниот суд, е спроведен од истражниот затвор во Шутка до Јавното Обвинителство (ЈО) со цел, според најавите, да поднесе кривични пријави против функционери и бизнисмени. Такво нешто тој најави и по изрекување на деветгодишната затворска казна во случајот „Рекет“.

Неговиот адвокат Сашо Дуковски за ТВ Телма потврди дека Боки-13 претпладнево е спроведен во ЈО на средба со јавен обвинител. Тој притоа не прецизира колку лица ќе бидат опфатени со пријавите што, како што вели, ќе бидат поднесени на записник и сите сознанија ќе бидат предадени на обвинителите.

Јовановски по изрекување на казната во „Рекет“ на судијката Васка Николовска Масевска и судечкиот совет им порача дека парите за кои се товареше во предметот да ги бараат кај екс премиерот Зоран Заев и неговиот брат Вице Заев. Лидерот на СДСМ го негираше неговиот исказ.

Покрај Јовановски, во случајот „Рекет“ беше осудена и поранешната шефица на Специјалното Јавно Обвинителство, Катица Јанева на казна затвор од седум години. На товар на Јовановски беше ставено делата „примање награда за противзаконско влијание“ и „перење пари“, а пресудата за Јанева се однесуваше на делото „злоупотреба на службената положба и овластувања“. Затворските казни се однесуваат за рекет од 1,5 милиони евра што ги дал Орце Камчев за олеснување на неговата позиција во случајот „Империја“. Познатиот скопски бизнизмен беше споменат од Јовановски дека ќе биде меѓу пријавен во Обвинителството.

Бојан Јовановски Јавно обвинителство кривични пријави Случај „Рекет“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.