Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Срѓан Јанаќијевиќ на Светскиот ден на театарот: Театарот денес не е дијалог туку самопотврда со билет

0
By Zoran Ivanov on March 27, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 27, 2026 10:57

На Светскиот ден на театарот, режисерот Срѓан Јаниќијевиќ поставува едно непријатно прашање: дали театарот сè уште знае да разговара?

Светскиот ден на театарот секоја година го обележуваат театри, фестивали и уметници низ целиот свет. Традиција на денот е и меѓународната порака: текст напишан од истакнат театарски уметник, кој се преведува на повеќе од 50 јазици и се чита пред претстави ширум планетата.

На денешното одбележување, меѓународната порака ја потпишува Виљем Дефо, актер познат пред сè по филмските улоги, но со корени длабоко во театарот. Од 1977 до 2003 година бил член на њујоршката трупа Wooster Group, а денес е уметнички директор на Театарското биенале во Венеција. Во својата порака, Дефо зборува за незаменливата моќ на живото театарско искуство во ера на дигитална фрагментација. Споделеното присуство во реално време го гледа како единствен одговор на технологиите кои ветуваат поврзување, а всушност ги изолираат луѓето едни од други.

За Трн, свое видување на театарот денес даде режисерот Срѓан Јаничијевиќ, македонски филмски и театарски режисер познат по својата иновативна режисерска визија и способноста да ги преточи сложените општествени теми во моќни сценски и филмски приказни. Неговите дела често балансираат меѓу хуморот и суровата реалност, истражувајќи ги границите на човечката природа и современото општество.

„Ова е време во кое сите имаат став, а никој нема нерви да слуша. Сите сме гласни, брзи и апсолутно сигурни, но најчесто пред луѓе кои веќе мислат исто како нас. Наместо вистински разговор, добиваме ехо-комори: кажуваш нешто, ти аплаудираат, и сите си заминуваме задоволни што сме спасиле барем мал дел од светот, без никогаш да се сретнеме со некој што навистина не се согласува со нас.

Недоволно ја истражуваме другата перспектива, другиот агол. Или едноставно немаме доволно емпатија да се обидеме да го разбереме.

Театарот секогаш бил жилав и отпорен, но на овој предизвик како да потфрли. Правиме претстави за „нашите”, за публика која однапред знае каде ќе аплаудира. Тоа не е дијалог, туку самопотврда со билет. Малку ќе се потресеме, малку ќе се пофалиме колку сме „храбри”, и на крај сите среќни и весели.

И токму тука театарот станува проповед: морализира, објаснува, „воспитува”. А нема ништо поубиствено за театарот од тоа да стане досаден во својата самозадоволна коректност. Кратко кажано, да попува.

Ако сакаме театарот да не се претвори во уште еден затворен клуб, мора да престанеме да играме на сигурна карта. Не е поентата само кој е на сцената, туку кој воопшто не доаѓа и зошто. Вистинскиот дијалог не е комфорна зона: некој ќе се налути, некој ќе си замине, некој ќе те разбере погрешно. Добро. Така треба. Барем нешто ќе се случи.

Зашто ако сите се согласуваат, тоа веќе не е театар, тоа е само добра презентација со светло и звук. А ова не се случува само кај нас. Тоа е поширок проблем во светот во кој живееме, каде што театарот често ја губи моќта да поврзува различни луѓе и да поставува вистински прашања.

Извор: Трн.мк

ден рѓан јанаќиевиќ светски театар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

ВЕСТИ June 25, 2026

Венецуела се соочува со една од најтешките природни катастрофи во последните години, откако два силни…

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.