Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

  Срамно. И неодговорно. – (белешка за одговорноста, пристојноста и штетата од политичкиот циркус)

0
By Zoran Ivanov on February 8, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 8, 2026 11:40

Кога лидерите покажуваат несериозност, тие ја нормализираат неодговорноста. Кога ги тривијализираат јавните настапи, ја тривијализираат и јавната доверба. А кога функцијата ја третираат како перформанс, ја учат јавноста дека политиката е спектакл, а не одговорност. (Џабир Дерала)

Џабир Дерала

Пред да им подарите уште некој час од својот живот на ТВ вестите денеска, прочитајте го овој текст. Ова не е прилог кон дневниот потсмев, ниту обид за персонализирана пресуда на политичките лидери и високите државни функционери. Станува збор за нешто пошироко и подлабоко – за одговорноста што ја носи јавната функција.

Со децении гледам политичари и цели структури на власт чие однесување е неодговорно, деструктивно и лишено од основно чувство за тежината на јавната функција. Често тоа однесување е апсурдно, гротескно и – да – смешно, но последиците од него никогаш не се смешни.

Овој текст е за таа појава. Не за една личност, туку за еден модел. Убеден сум дека читатели од различни, демократски и помалку демократски краишта на светот ќе препознаат дел од овие обрасци и во своите земји.

Јавната функција не е лична заслуга. Таа не е значка за носење, ниту модна ревија за фото сесии, ниту подиум за импровизации и суета. Таа е одговорност – тешка, деликатна и неизбежно јавна.

Највисоките функции во државата ја носат и најголемата одговорност. Не само правна или институционална, туку и морална и симболична. Секој изговорен збор, секој гест, секое јавно појавување на претседател или висок политички функционер станува дел од политичкиот дискурс на земјата – и дел од нејзиниот јавен имиџ. Не постои „само забелешка“, ниту безопасна анегдота, ниту приватна спонтаност, откако еднаш ќе се стапне на јавната сцена како претставник на државата.

Затоа постои граница, но и баланс меѓу неизбежниот личен израз и стил, од една страна, и јавната одговорност, од друга. Затоа таа граница мора секогаш да биде јасна, а секој јавен настап – историски запис што мора да биде одбранлив.

Нема значење дали некој домашен или меѓународен настан е влијателен или маргинален, сериозен или протоколарен. Важно е, кога таму зборува шеф на држава или влада, тоа не е настап на приватно лице, ниту на универзитетски професор. Тој настап најмалку смее да изгледа како појава на случаен коментатор.

Високите државни претставници зборуваат во име на граѓанките и граѓаните на земјата што ја претставуваат. Достоинството на функцијата не варира според тежината на публиката. Одговорноста не е условна.

Стручните семинари и академските симпозиуми дозволуваат експериментирање, дури и ексцентричност, па и самопосрамотување. Јавната функција – не. Професор може да си дозволи интелектуална игра или лични анегдоти. Шеф на држава – не може. Кога таа граница ќе се премине, штетата не е лична, туку колективна.

Ова не е прашање на елитизам или формализам. Ова е прашање на свест и совест. Свест дека зборовите создаваат перцепции. Дека симболиката има тежина. Дека јавната доверба е кревка, особено во општества погодени од економска несигурност, социјален замор и демократско назадување.

Така, доаѓаме до пристојноста.

Пристојноста во политиката не е украсна доблест. Таа е функционална. Таа значи да знаеш кога – и што – да не зборуваш. Да го разбираш контекстот. Да ја почитуваш интелигенцијата и достоинството на граѓанките и граѓаните кои секојдневно се борат со ниски плати, растечки цени и сè помалку надеж – додека ги гледаат своите претставници како патуваат по светот на јавен трошок, изолирани и високо издигнати над последиците од сопствените политики и практики.

А тие последици секогаш започнуваат и завршуваат со зборови искажани на јавна сцена – домашна или меѓународна, сеедно.

Кога лидерите покажуваат несериозност, тие ја нормализираат неодговорноста. Кога ги тривијализираат јавните настапи, ја тривијализираат и јавната доверба. А кога функцијата ја третираат како перформанс, ја учат јавноста дека политиката е спектакл, а не одговорност.

Овој проблем не е ограничен на една личност, една функција или една држава. Тој е системски. Низ различни политички системи сè почесто гледаме лидери кои немаат основно чувство за пристојност, свест и совест – лидери кои ја мешаат медиумската видливост со релевантност, присуството со суштина, а симболиката со празна нарација. Лидери кои зборуваат без да размислат, патуваат без цел и владеат без емпатија – заедно со членовите на нивните кабинети.

Последицата е деградација на јавната функција и на политичкиот дискурс. Јавен простор испразнет од сериозност. Продлабочен јаз меѓу институциите и јавноста, која тоне во сѐ подлабока тишина. Цинизмот ја заменува довербата, апатијата го гаси ангажманот, а подбивот ја уништува отчетноста.

Тоа што го опишувам овде ни оддалеку не е безопасно, колку и да изгледа гротескно. Таквиот однос – кога јавната функција се приватизира и се третира како игра или перформанс – предизвикува забрзана корозија на демократијата.

Грешат оние што мислат дека демократијата и демократските институции се распаѓаат само со пучеви или под притисок од авторитарни и олигархиски структури – тоа, секако, е точно. Но демократијата пропаѓа и поради небрежност, ароганција и постепена нормализација на несериозното лидерство. Кога највисоките функционери се однесуваат како правилата на одговорност да не важат за нив, пораката до општеството е разорна: ништо навистина не е важно.

А токму спротивното е точно.

Политичките лидери се чувари, не сопственици на моќта. Нивниот легитимитет произлегува од јавноста – вклучително и од оние што не гласале за нив. Нивното однесување ја обликува политичката култура долго по завршувањето на нивните мандати. А нивните зборови одекнуваат далеку надвор од салите во кои се изговорени.

Политичките лидери – на власт или во опозиција, сеедно – мора тоа да го разберат еднаш засекогаш. Барем оние што сакаат да бидат запаметени на светлите страници на историските записи. Функцијата бара воздржаност, сериозност и јасно чувство за границата меѓу личното и јавното. Без таа свесност, ниту еден политички или државен авторитет не може да ја надомести нанесената штета.

Во време на сиромаштија, војна, несигурност и демократско назадување во многу земји, граѓанките и граѓаните не бараат совршенство. Тие бараат одговорност. Тие бараат пристојност. И со право очекуваат оние што зборуваат во нивно име да ја разбираат тежината на сопственото однесување и на сопствените зборови.

Сè помалку од тоа не е само срамно. Тоа е неодговорно.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

лидери политички Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.