Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија: 5,1 млрд. евра за помош на стопанството

0
By Нова ТВ on March 31, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 31, 2020 20:01

Владата на Србија објави програма на пакет со мерки насочени кон намалување на негативните ефекти предизвикани од пандемијата на коронавирус и поддршка на српската економија и зачувување на работните места за време на вонредната состојба. Мерките ќе важат само за оние кои отпуштиле помалку од десет проценти од вработените.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, министерот за финансии, Синиша Мали, кој на прес конференција ги презентираша новите економски мерки, изјави дека најголем терет од кризата го презема државата, и дека мерките се во вредност од 5,1 милијарди евра или 11 отсто од буџетот на Србија.

„Пакетот на мерки на владата се состои во одлагање на плаќањето на доспеаните даночни обврски, директна помош на претпријатијата во приватниот сектор, зачувување на ликвидност на стопанството и помош од 100 евра на сите полнолетни граѓани на Србија“, изјави Мали, кој додаде дека платите и пензиите нема да се намалуваат.

Првиот пакет на мерки претпоставува, во најголем дел, одложување на плаќање на даноците и на доприносите на заработка за сите приватни претпријатија најмалку за периот до три месеци, одлагање на плаќање на данок на добивка до вториот квартал на 2020 година и ослободување од плаќање на ДДВ за сите оние кои ќе донираат. Вкупната вредност на овие мерки е околу 1,3 милијарди евра, кажа Мали.

Вториот пакет на мерки е директна помош за сите претприемачи, на микро, малите и средни претпријатија во износ од три минимални плати или на секој вработен во тие претпријатија државата ќе им уплати 759 евра во наредните три месеци.

„Освен оваа мерка, Владата ќе даде помош во износ на 50 отсто од платите на оние вработени во големите претпријатија кои добиле решение за престанок на работа“, изјави Мали.

Третата мерка е насочена за подршка на ликвидноста, пред се за приватниот сектор за што ќе се издвојат 2,2 милијарди евра преку фондот за развој, субвенциии и евтини кредити, со 1 отсто камата за претприемачите, за микро, малите и средните претпријатија, земјоделски стопанства, кажа Мали кој додаде дека ова ќе биде поткрепено и преку гаратна шема со банките во износ од 2 милијарди евра, кредити зад кои ќе стои државата.

Последна мерка на српската влада ќе биде директната помош на сите полнолетни лица преку уплата на 100 евра, со што ќе се зголеми потрошувачката. Мали порача дека овие мерки ќе се финансираат од резервите на буџетот, преку домашниот и странски пазар на капитал и во наредните десет дена владата ќе усвои уредба со која ќе овозможи спроведивање мерките.

На прес конференцијата беше кажано дека владата ќе помогне и на оние сектори кои најмногу претрпеле штета од кризата, меѓу кои е и туристичкиот сектор, како и дека ќе се користат и корпоративни обврврзници за финансирање на големите претпријатија.

„Со овој пакет на мерки од 5,1 милијарди евра српската економија во што е можно краток период ќе стане на нозе и ќе продолжи да се развива“, оцени Мали, кој додаде дека презентирањето на мерките поради здравствени причини не можел да ги изнесе претседателот Александар Вучиќ, како што беше најавено.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.