Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија и Турција ќе потпишат договор за слободна трговија

0
By Нова ТВ on September 30, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Србија и Турција на 10 октомври ќе потпишат договор за слободна трговија, со што ќе ја зголемат трговската размена и слободната трговија со услуги и инвестиции, соопшти кабинетот на српскиот вицепремиер и министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ.

Договорот ќе биде парафиран за време на официјалната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Србија, на 10 и 11 октомври годинава.

Љајиќ денеска во Анкара заедно со министерот за економија на Турција, Нихат Зејбекчи го усогласија текстот на новиот договор за слободна трговија меѓу двете земји.

Новиот текст на договорот предвидува за првпат бесцарински извоз на 5.000 тони говедско месо годишно од Србија во Турција.

Српските производители, исто така, првпат на турскиот пазар без царини ќе можат да ги извезуваат дефинираните квоти на сурово и рафинирано сончогледово масло, семки од сончоглед и одредени видови пекарски производи.

Првпат со овој договор се дефинира и слободната трговија со услуги (финансии, транспорт, телекомуникации, копродукција, итн.), што значително ќе придонесе за подобрување на инвестициската клима и зголемување на интересот на турските инвеститори во Србија. Со ова, воедно и на српското стопанство ќе му се отвори простор за трговија со услуги во Турција, се наведува во соопштението од кабинетот на вицепремиерот Љајиќ.

„Компјутер за секое дете“ Договор слободна трговија Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.