Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија ја поддржува Украина за Крим таа врaќа со поддршка за Косово

0
By Нова ТВ on July 3, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 3, 2018 13:40

Взаемно почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија и на Украина, како и економската соработка и евроинтеграциите беа во фокусот на разговорите во Белград меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и неговиот украински колега Петро Порошенко.

„Србија нема отворени билатерални прашања со Украина, и го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина во врска со Крим и ја поздравува Украина за подршката со непризнавањето на Косово“ изјави српскиот претседател Вучиќ на заедничката прес-конференција по средбата.

Во тој поглед Вучиќ истакна дека Србија сака проблемите во Украина да се решаваат на мирен начин, со подршка на ОБСЕ и спроведување на Минскиот договор. 

Во сличен контекст, како што јави дописникот  на МИА од Белград, беше и изјавата на украинскиот претседател Порошенко, кој истакна дека Украина го подржува територијалниот интегритет и суверенитет на Србија во поглед на непризнавањето на Косово и решавање на проблемот преку компромис со уважување на српските интереси.

Тој додаде дека Украина смета на поддршката на Србија во врска со Крим и на мировната мисија под покровителство на ОН и на спроведувањето на Минскиот договор.

Двајцата претседатели изјавија дека разговарале и за економската соработка, со надеж дека трговинската размена ќе достигне една милијарда евра, при што Вучиќ истакна дека смета на „пријателскиот став на Украина“ за зачленувањето на Србија во Светската трговска организација (СТО).

На средбата беа потпишани неколку билатерални договори, меѓу кои и договор за укинување на визите за украинските државјани при патување во Србија.

Попладнево во Белград ќе се одржи и Бизнис форум, на кој покрај двајцата претседатели ќе учествуваат и претставници на стопанските комори на двете земји и бизнисмени.

Порошенко ќе се сретне и со српската премиерка Ана Брнабиќ и со претседателката на Собранието на Србија, Маја Гојковиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.