Командатот на Кралската војска, генералот Драгољуб Михаиловиќ денеска е рехабилитиран од страна на Вишиот суд во Белград, кој му ги враќа граѓанските права кои му беа одземени во политичко-идеолошкиот процес на комунистичкиот режим во 1946 година.
Михаиловиќ на 15 јули 1946 година беше осуден на смрт, а два дена подоцна бeше стрелан. Според Законот за рехабилитација не постои право на жалба и истата е конечна.
Според судот, тогашната пресуда била донесена во незаконски процес од политички и идеолошки причини.
Со судската одлука се потврдуваат тврдењата на предлагачите на рехабилитцијата дека на Михаиловиќ за време на процесот не му било овозможено право на одбрана, дека не го видел својот адвокат до почетокот на судењето, дека немал ниту право на непристрасно судење, додека обвинувањето му било врачено седум дена пред судењето.
Михаиловиќ беше осуден за велепредавство и за воени злостроства.




