Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија сериозна за ограничување на увозот на македонско вино

0
By Нова ТВ on July 6, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Србија е сериозна во намерите за ограничување на увозот на македонско вино, доколку македонската Влада не ја повлече мерката за ограничен увоз на српско брашно и пченица.

Српската Влада постави нов ултиматум, јавува Фактор, ако во рок од 10 дена не се реши проблемот за ограничување на извозот на српска пченица и брашно, тие ќе воведат реципрочни мерки за Македонија и најверојатно ќе го ограничат увозот на македонско вино и домати.

Потпредседателот на српската влада Расим Љајиќ и министерот за земјоделство Горан Кнежевиќ, го усогласиле и редоследот на мерките кои ќе се спроведуваат кон Македонија, ако ние не ја укинеме мерката за врзан увоз.

– Владата на Србија е свесна и за лошите страни на ваквата одлука, но ние во интерес на нашите земјоделци и нашата економија, сме принудени да донесеме такви мерки, со оглед на тоа дека Македонија веќе четврта година по ред, со ограничувањето на увозот на срспка пченица и брашно, на најдиректен начин ги крши ЦЕФТА договорите, изјавуваат од Владата на Србија за српски Танјуг.

Потпретседателот на српската Влада Љајиќ, веќе упати писмо со барање за вонредна седница до претседавачот на ЦЕФТА за оваа година Босна и Херцеговина. Во писмото стои дека Македонија ги крши договорите на ЦЕФТА, и дека доколку проблемот не се реши во дадениот рок од 10 дена, Србија ќе воведе контра мерки.

Во меѓувреме, македонските винарии веќе калкулираат со евентуланите загуби од извозот на вино во Србија. Порачуваат двете земји што побрзо да најдат заедничко решение, со кое ќе се избегнат негативните последици врз извозот на вино.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

December 12, 2025

Земјотрес од 6,7 степени ја погоди Јапонија

December 12, 2025

Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа

December 10, 2025

Запалена колата на обвинителка што води случај за брутално претепан активист во Србија

December 10, 2025

Огромен пожар во станбена зграда во Кина – има загинати

December 10, 2025
ФОКУС

Конференција на Цивил: Хоризонти на слободата – војната во Украина, хибридната војна во Европа и глобалната борба за демократија

ВЕСТИ December 12, 2025

„Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“, ЦИВИЛ – Центар за слобода со деветдневна стратешка, граѓанска…

СДСМ со нова бомба: Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски

December 12, 2025

Јануари по комотен за возачите – „Сејф сити“ од 1-ви февруари

December 12, 2025

СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите

December 11, 2025
ТИКЕР

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

December 12, 2025

Земјотрес од 6,7 степени ја погоди Јапонија

December 12, 2025

Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа

December 10, 2025

Запалена колата на обвинителка што води случај за брутално претепан активист во Србија

December 10, 2025

Огромен пожар во станбена зграда во Кина – има загинати

December 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.