Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија: Студентските блокади продолжуваат-на преговори дојде ректорката на Белградскиот универзитет

0
By Нова ТВ on September 23, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 23, 2019 14:14

Ректорката на Белградскиот универзитет, Иванка Поповиќ, денеска имаше разговори со групата студенти од Здружението „1 од 5 милиони“, кои ја блокираат зградата на Ректоратот од минатиот петок, најавувајќи за утре продолжување на разговорите.

– Разговорите со студентите беа конструктивни, веруваме дека сме еден чекор поблиску до договор. Утре продолжуваме и веруваме дека на најдобар начин ќе го најдеме решението важно за целата академска заедница, рече ректорката Иванка Поповиќ.

Студентите по состанокот изјавија дека блокадата на зградата на Ректоратот продолжува се додека не биде постигнат договор.

– Во консултација со професорите кои нè поддржаа, заклучивме дека е во наш интерес што побргу да го извадиме на виделина докторатот на Синиша Мали и универзитетот што поскоро да започне со решавање на овој проблем. Во таа насока се водеа и разговорите, а блокадата останува и се додека траат преговорите ќе нема влез за службените лица, изјави студентката Валентина Рековиќ.

Ректорката на БУ Иванка Поповиќ синоќа го осуди упадот на активистите на владејачката партија СНС во зградата на Ректоратот, оценувајќи дека со тоа е нарушена автономијата на Универзитетот.

Бидејќи ова беше услов за почеток на разговорите, студентите кои ја држат блокадата на Ректоратот рекоа дека се подготвени за преговори и за компромис.

Причините за блокадата, како што истакнуваат студентите се: неодговорното однесување на надлежните предводени од министерот за образование Младен Шарчевиќ кон образованието, падот на Универзитетот на списокот на Шангајската листа, нарушување на наставната година заради одржување на Универзијадата, најавата за иселување на студентите од Студентскиот град, одложување на испитите, скратување на годината, недостиг на литература, недостаток на простории за настава на некои факултети, а бараат и разрешување на министерот за финансии Синиша Мали. Тие најавија дека нема да се откажат од блокадите се додека не се исполнат овие две нивни барања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.