Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србите на Косово се поделени

0
By Нова ТВ on April 2, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 2, 2013 08:58

Оние на северот сакаат да останат во рамките на Србија, додека останатите ја признаваат косовската влада и немаат ништо против интеграцијата, објавува Дојче веле.

Неретко владата во Белград отворено ја признава поддршката за Србите на северот на Косово.

Претставниците на Србите од другите делови на Косово, поради тоа, се чувствуваат заборавени од Белград.

„За Белград се важни само Србите на северот“, се жалат тие понекогаш. За разлика од нивните сонародници од северот, овие Срби соработуваат со косовските власти и си го бараат своето место во независно Косово.

Во поранешната српска провинција живеат околу 136 илјади Срби. Само една третина од нив живее северно од реката Ибар во четири општини: Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан. Тие отфрлаат секаква соработка со власта во Приштина и се залагаат за сојуз со Србија.

Големо мнозинство од Србите, околу 100 илјади, живеат јужно од реката Ибар. И таму многумина се против косовските институции, се вели во текстот објавен од Дојче веле.

Но веќе осум години, Србите од овие региони редовно учествуваат на локалните и парламентарните избори во земјата.

Српските партии во моментот имаат 15 пратеници во косовскиот парламент. Либералите се дел и од владејачката коалиција и имаат три министри во владата на Хашим Тачи.

За Србите од северот, како и за многу партии во Србија, овие Срби се „предавници“. Владата во Белград им дава далеку поголема поддршка на Србите на северот, отколку ним.

„Секако дека посакуваме да имаме најдобри можни односи со Белград, но тие во моментов не се добри. Белград не не смета за еднакви со Србите од северот“, вели во изјава за Дојче веле, Слободан Петровиќ, претседател на Независната Либерална партија (СЛС) и еден од петте заменици на косовскиот премиер.

Петровиќ е член и на косовската делегација која денеска ќе учествува на осмата рунда преговори меѓу Белград и Приштина за односите меѓу двете земји. Петровиќ верува дека во Белград и Приштина има доволно мудри политичари кои ќе ја искористат „историската шанса за нормализација на односите“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.