Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србов обвинува, Рашковски се брани

27
By Нова ТВ on September 26, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 26, 2017 19:08

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, се самоназначил за владин претставник на Собранието на акционери на Телеком за хонорар од 500 евра по седница, обвини денеска Никола Србов од ВМРО ДПМНЕ.

– Тој е новиот владин претставник во Собранието на акционери на Телеком и претседател на Собранието на акционери. Тој се само предложил, а Зоран Заев и владата ја одобриле ваквата одлука – рече Никола Србов од ВМРО ДПМНЕ, на денешната прес конференција.

Србов во прилог на кажаното покажа документ според кој на 3 август Владата го овластила Рашковски да присуствува и да биде владин претставник на Собранието на акционери на Телеком, а ваквиот документ го потпишал токму Рашковски.

– Што значи Рашковски си се предлага, Рашковски си потпишува. Рашковски сам си се назначува. Класичен конфликт на интереси. На Рашковски мала му била платата од над 1.000 евра па сега ќе зема и 500 евра од Телеком – рече Србов.

Србов ги наброја и привилегиите кои според него му слeдуваат на Рашковски.

– Хонорар од по 500 евра за секое присуство на седница на Собранието на акционери, службен телефон, компјутери, користење на службено возило на негово барање – рече Србов.

Драги Рашковски реагираше на обвинувањата од Никола Србов.

– Јас сум определен од Владата да бидам претставник на капиталот кој Република Македонија го има во Телеком. Ова е назначување за наредното акционерско собрание на Телеком кое се одржува еднаш годишно. Некој треба да го пренесе ставот на Владата како да се гласа на акционерското собрание по точките на дневен ред. За оваа назначување не се плаќа надоместок од страна на Владата. Еднаш годишно има собрание, а со оглед на тоа дека Телеком е доминантно приватна компанија во сопственост на Маџар Телеком, истите тие носат одлука за тоа дали за тој ден следува надоместок. Впрочем, ВМРО ДПМНЕ подобро знае дали следува, бидејќи 11 години предлагаа претставник на акционерското собрание – вели Рашковски за обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ.

Во соопштението од 19-тата владина седница која се одржа на 3 август, не беше објавена оваа кадровска одлука.

– Во однос на кадровските прашања Владата на Република Македонија на вчерашната седница ги разгледа и ги усвои кадровските предлози и заклучи да именува членови на управни и надзорни одбори во установи, агенции и други органи што се во надлежност на владата. Комисијата за кадровски прашања во владата, за секое лице поединечно, ја проверува содржината на поднесената документација за да се провери дали ги исполнуваат условите за именување и соодветно на фактите, Владата ќе ги објави одлуките во Службен весник на Република Македонија – пишува во соопштението од седницата на Влада, одржана на 3 август.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

ВЕСТИ June 12, 2026

Прва награда за уметничко остварување во целина за претставата „Страв и надеж“ на јубилејното 60.…

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.