Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба на министерот Милевски и Жан Жак Флао: Размена на искуства за децентрализацијата во Белгија

0
By Нова ТВ on December 3, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 3, 2019 15:12

Процесот на децентрализација во Белгија, важноста на фискалната децентрализација и регионалниот развој беа главните теми на денешната средба во кабинетот на министерот за локална самоуправа Горан Милевски со францускиот и белгиски историчар Жан Жак Флао, политичар со големо искуство во белгиската политика.

„Во процесот на децентрализација на нашата земја важни се искуствата што ќе се чујат директно за процесите на другите земји, како на пример во Белгија. Министерството и понатаму ќе се грижи за општините и ќе соработува со нив преку ЕУ проекти за да се развиваат и да нудат квалитетен живот на граѓаните, се со цел да имаме и функционална децентрализација. Жан Жак Флао е еден исклучителен политичар, со кој денеска разговаравме за важноста за фискалната децентрализација, како и за регионалниот развој на нашата и нивната земја“, изјави Милевски.

Како што соопшти Министерството за локална самоуправа, Флао 37 години е член на Советот на Берн ла Комт, од кои 15 години е градоначалник и шест години е заменик градоначалник. До мај годинава тој беше еден од најактивните пратеници во Комисијата за надворешна политика во Парламентот на Белгија.

Во моментов тој претседава со интернационалниот оддел на либералното Реформско движење, најстарата белгиска партија формирана во 1846 година, од која доаѓаат новиот претседател на Европскиот Совет, Шарл Мишел, новиот европски комесар за правда и правна држава Дидие Рејндерс, премиерката на Белгија Софи Вилемс и белгискиот министер за надворешни работи Филип Гофан.

Горан Милевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.