Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба на првите дипломати од Македонија, Грција, Албанија и Бугарија

0
By Нова ТВ on October 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 5, 2017 08:53

Безбедносната соработка, прекуграничната соработка, енергетското поврзување, се дел од темите на кои ќе се осврнат министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија, Никола Димитров, Никос Коѕиас, Дитмир Бушати и Екатерина Захариева, на квадрилатералната средба денеска во Солун.

Средбата се одржува на иницијатива на грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас.

Ова е втора средба во ваков формат, во рамки на напорите на грчката дипломатија за зајакнување на регионалната стабилност и трансграничната соработка меѓу соседните земји од јужниот дел на Балканот. Настанот ќе биде со поширок дневен ред и претставува продолжение на неодамнешните контакти на Коѕиас со неговите колеги од овие три земји за време на Генералното собрание на ОН од 18 до 22 септември во Њујорк.

Целта на дипломатската средба е да биде потврдена институционалната соработка меѓу четирите земји, кои треба да решаваат безбедносни прашања и да се борат против екстремизмот, тероризмот и радикализација. Истовремено, овие земји беа соочени и со голема бегалска и мигрантска криза, чии последици се уште ги чувствуваат.

Поради тоа, министрите ќе ги разгледаат можностите за подготвување заедничка позиција при решавање на тие прашања врз основа на европските вредности и добрососедските односи.

Во делегациите се вклучени и министрите за внатрешни работи и за енергетика, односно економија на четирите земји.

Димитров претходно оваа недела изјави дека не очекува оти земјите од регионот, поточно Албанија и Бугарија, ќе бидат посредници во решавањето на спорот за името со Грција. Тој посочи дека спорот е билатрално прашање и оти ќе се решава меѓу двете земји со посредство на Обединетите нации, односно нивниот медијатор Метју Нимиц.

Тој истакна дека очекува на маргините на квадрилатералната средба да има и билатералка со Коѕиас.

Работниот дел од средбата се одржува денеска, а состанокот ќе го отвори министерот за надворешни работи на Грција, Коѕиас. Следуваат поединечни состаноци на министрите за внатрешни работи, министрите за енергетика, а од кај нас министерот за економија, а потоа и на министрите за надворешни работи.

Димитров за Катимерини

Во интервју за грчкиот весник Катимерини, пред денепната средба во Солун, Димитров вели дека доколку Македонија и Грција сакаат во иднина да бидат партнери во Европската унија и НАТО треба уште отсега да се однесуваат така

Двете страни, според Димитров, треба да имаат поодговорен пристап, кој ќе понуди вистински напредок и подобра иднина за граѓаните на двете земји.

Во врска со неговите неодамнешни тврдења дека Македонија не треба да биде единствената која ќе има право на македонскиот идентитет и дали тоа е показател за можност да се постигне компромис за името, Димитров посочи дека идеите за екслузивност се игри без добивка, кои во минатото беа само извор на поделби и немир во регионот и пошироко.

– Одбиваме да се вклучуваме во игри, чиј исход е нула, во кои успехот на едната страна е на сметка на загубата на другата страна. Сфаќаме дека во денешниот глобално поврзан свет, кој е погоден од насилство никој не може да излезе како победник во ситуација во која соседот станува губитник. Како и да е сите сме сведоци дека национализмот, екслузивната политика во случајот на Балканот беше ништо, освен извор на поделби и конфликти. Нашите намери се јасни, сакаме да креираме атмосфера во која двете страни ќе можаат да ги слушнат своите ставови и да согледаме што можеме да изградиме на тие основи, рече Димитров.

Тој истакна дека двете земји треба да имаат разбирање за различните позиции за одредени прашања.

– Кога сосед од грчка Македонија вели дека таа или тој е Македонец, регионално, историски или културолошки, дали тоа претставува закана за мене? Секако дека не. Кога јас ќе кажам дека сум Македонец, дали тоа треба да претставува закана за мојот сосед? Во Европа во 21. век? Сметам дека не треба, нагласи македонскиот министер за надворешни работи.

На прашањето за загриженоста за грчката јавност за постоењето на елементи на иредентизам во Македонија, како што се мапи, историски лекции кои прикажуваат аспирации кон северниот дел од Грција, но и имиња на објекти, како аеродромот во Скопје, Димитров одговори дека земјата од иредентизмот формално се ослободила уште многу одамна, со Уставот.

– Цврсто се држиме до она за кое јавно се залагаме, цврсто да ги почитуваме нашите меѓународни заложби и да ја храниме свесноста во насока да бидеме и да правиме се за да бидеме добри соседи. Единствената мапа за која се интересираме е мапата на голема Европа. Да се ставиме во ситуацијата на другиот е начинот на кој можеме да ги разбереме проблемите на другата страна. Дали моите сограѓани од Република Македонија ќе бидат воодушевени од мапи во кои други земји заземаат делови од нашата територија? Секако дека не. Во таа смисла дали грчките граѓани ќе бидат воодушевени од предизвикување на нивниот идентитет и од ветото за блокирање на прогресот на нивната земја од некој кој е поголем и помоќен од нив?, нагласи Димитров.

 

Солун средба на балканските лидери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.