Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Османи – Милков: не треба да дозволиме провокациите на поединци и групи да ги загрозат добрососедските односи

0
By Соња Крамарска on October 21, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На маргините на состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со својот бугарски колега, Николај Милков. Ова е нивна прва средба, по назначувањето на министерот Милков на функцијата, во август оваа година.

Во фокусот на разговорот беше исполнувањето на заедничките обврски од  Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, како и остварената соработка во рамките на процесот на унапредување на односите меѓу двете држави.

Притоа, министерот Османи го информира министерот Милков за досега реализираните обврски од наша страна со цел имплементација на одредбите од Договорот. Меѓу другото, го издвои ангажманот на Меѓуресорска работна група за политичка координација на спроведувањето на мерките од протоколот од вториот состанок, со која координира министерот за надворешни работи, како и првите состаноци на тематските подгрупи.

На средбата беа разгледани и бројните провокации од групи и поединци во двете земји, кои изминатиов период засилено доминираа во јавниот дискурс. Министрите посочија дека двете министерства ќе работат активно на зајакнување на добрососедските односи, како взаемен интерес на двете земји, и нема да дозволат провокациите да го нарушат овој процес.

Взаемно беше нагласено дека продолжувањето на дијалогот преку средби, како и преку реализирање на конкретните проекти се единствениот пат кој ќе доведе до  промена на контекстот во кој дејствуваме и се влог во создавањето блиски и пријателски односи меѓу двете држави и граѓани.

Се разговараше и за регионалната соработка во контекст на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, како најдобра гаранција во соочувањето со политичките, безбедносни и економски предизвици врз својот развој.

 

 

 

Бујар Османи Николај Милков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.