Published: Wednesday, April 8, 2015 11:23
Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, за заживување на економската соработка меѓу двете земји.
Како што најави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ќе се разговара и за долгот на Грција.
Сепак, рускиот министер за финансии Антон Силуанов вчера рече дека грчката Влада не побарала заем од Москва, и оти за ова прашање немало да се дискутира.
Една од клучните отстапки со кои Ципрас би сакал да се врати во Атина е договор со Москва за укинување на ембаргото за грчкиот извоз на овошје и зеленчук во Русија.




