Дел од странските делегации присутни на Преспа форумот кој се одржува во Охрид, утрово за време на слободните часови за разгледување на градот и преубавите културно-историски и верски знаменитости, се соочија со ретка глетка.
Имено низ центарот на градот, како од мајка роден, се шетал средовечен човек. Настанот бил пријавен од повеќемина во локалната полиција, која, и без тоа, има полн грст работа – да ги обезбедува ВИП личностите присутни на форумот и да се грижи за редот, мирот и сообраќајот.
Лицето ѝ било познато на полицијата, било од Охрид кому оваа ,,прошетка„ не му била прва, само со тоа што порано носел долен веш танга.
Тој до Охридскиот плоштад дошол облечен во пантолони, споделуваат информации по социјалните мрежи очевидци на настанот. Но наеднаш, тој се расоблекол, а алиштата ги оставил на едно пано за реклами.