Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Српската опозиција најавува бојкот на следните избори

0
By Нова ТВ on December 19, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 19, 2018 13:53

Најголемата српска опозициска коалиција, Сојузот за Србија (СЗС) најави дека нема да учествува на избори, се додека не се создадат услови за одржување фер избори.

Тие најавија дека своите забелешки за текот на неодамнешните локални избори во општината Лучани ќе ги достават до Европскиот парламент и до странските амбасади во Белград.

СЗС на прес-конференција оцени дека локалните избори во Лучани покажале дека нема услови за фер избори и затоа опозицијата нема да учествува на ниту едни избори во такви околности.

– Под овие услови, нема да учествуваме на избори, изјави поранешниот шеф на српската дипломатија Вук Јеремиќ, кој е претседател на Народната партија, една од членките на СЗС.

Тој истакна дека без учество на опозицијата во Парламентот, евентуалниот договор за Косово нема да има легитимитет, кој „и е потребен на меѓународната заедница за да се заврши оваа работа во врска со Косово, на начин на како што вети сегашната Влада“.

Јеремиќ оцени дека тогаш „активната состојба ќе биде неодржлива“ и ситуацијата ќе треба да се промени.

СЗС најави дека планира да бара фер избори преку протести и ги повика граѓаните в сабота повторо да излезат на протестниот собир во што е можно поголем број.

Паралелно со засилената активност на СЗС, дојде до потреси во втората опозициска коалиција, Граѓанскиот блок 381, откако нејзиниот лидер и прв човек на Движењето на слободни граѓани (ПСГ), Саша Јанковиќ поднесе неоповиклива оставка.

Претстапникот на ПСГ, Раде Вељановски соопшти дека Јанковиќ бил излложен на различни притисоци „како од властите, така и од опозицијата, но и од измислици“, што довело до неговата одлука да се повлече од функциите лидер на ПСГ и на Граѓанскиот блок 381 и од активниот политички живот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.