Published: Friday, December 1, 2017 18:03
Српската полиција го уапси Милан Зарубица, нарекуван „крал на синтетичката дрога“ во заедничка акција со полицијата во Македонија.
– Акцијата најверојатно ќе продолжи на турска територија, каде што соработувавме со полицијата за да го дознаеме идентитетот на потенцијалните купувачи – вели министерот на внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ.
За време на заедничката полициска акција со Македонија, нелегална лабораторија беше откриена во близина на Тетово, каде беа запленети 300 килограми амфетамини.
Стефановиќ вели дека српската и македонската полиција ги следеле активностите на Зарубица, трансферот на опремата меѓу двете земји и опремата за лабораториите каде што се правела дрогата.




