Полицискиот синдикат на Србија ги повика полицајците да одбијат наредба за употеба на физичка сила врз демонстрантите во Белград, ако добијат таква наредба.

-Надвор од неговата надлежност Небојша Стефановиќ, со својата наредба, ги доведе во животна опасност граѓаните и самите полицајци, се вели во соопштението на синдикатот.

Синдикатот на полицијата ги повика демонстрантите да не ја напаѓаат полицијата, туку да покажат почит, а полицијата ќе биде на страната на народот.

„Полицијата треба да се придржува кон Уставот и законите, а не волјата на политичарите“, се вели во соопштението.