Собраниската расправа за ребаланс на буџетот во српскиот Парламет вчера помина во остра полемика меѓу премиерот Александар Вучиќ и опозицијата, која заврши со исфрлување на пратеникот Зоран Живковиќ, претседателот на Новата партија, јавува белградска „Политика“
Вучиќ во Парламентот се појавил околу 17 часот и 40 минуту со цел да им објасни на пратениците и на граѓаните зошто се носи ребаланс на буџетот. Во моментот кога членовите на Демократската партија му довикнувале да си даде оставка, тој им се обрати со зборовите:
– Вие бевте и останавте најобични кукаквици. Изгледа дека имате проблем кога некој не се плашаи од вас. За разика од Вас господине Стефановиќ (Борисав), не ми ни паѓало на памет да владеам со поддршка од шест отсто, нема да владеам ни со 16, ниту пак со 26. Ќе ви ја препуштам вам, бидејќи власта за вас е сè. Сакам граѓаните да ме запомнат како некој што сторил нешто за нив и за иднината на оваа земја. Ветив дека нема да бидам премиер кога ќе имам 26 проценти поддршка, а на граѓаните сакам да им се заблагодарам бидејќи нè разбрале дека треба нешто да се преземе – им вратил Вучиќ на демократите со повишен тон и неколку пати ги нарекол куквавици додека тие стоеле и дофрлале.
Пратеникот од Демократската партија на Србија, Борисав Стефановиќ му посочил на Вучиќ дека покажал висок степен на нервоза, бес и простотија во политичка смисла.
– Ниту еден претседател на влада во историјата не зборувал вака со пратениците – коментирал Стефановиќ.
Заменик-претседателот на српското Собрание, Игор Бечиќ неколку пати го опоменал опозиционерот Зоран Живковиќ кој барал збор и никако не добивал шанса да зборува.
Откако продолжил со дофрлањето, Бечиќ прогласил пауза и побарал обезбедувањето да го исфрли опозиционерот, по што Живковиќ сам си заминал.




