Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССМ донесе едногласна одлука за штрајк доколку денеска не биде постигнат договор за зголемување на минималната плата

0
By Biljana on February 4, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според податоците на ССМ, 110.000 работници се пријавени на минимална плата од 15.200 денари. 

Штрајкувачкиот одбор на ССМ донесе одлука за штрајк доколку не биде прифатен педлогот за зголемување на минималната плата на 18.000 денари на денешната средба во Владата која ќе се одржи во 16 часот.

Барањата на Синдикатот се минимална плата од 18.000 денари, скалесто зголемување на сите останати плати, како и регрес за сите вработени во јавниот сектор.

„Од ова нема отстапка. Не дека ние не сакаме, туку тоа го налага економската, енергетската и ковид кризата, сите цени поскапеа, а ние немаме како да си ги прехраниме децата“, рече претседателот на ССМ, Дарко Димовски и упати апел до социјалните партнери, Владата и работодавачите да ги прифатат нивните барања за да овозможат егзистенција за работниците.

Од ССМ велат дека со зголемувањето на минималната плата и сите останати плати, и Владата и бизнис секторот ќе имаат бенефит, бидејќи газдите ќе добијат помотивирани и позадоволни работници, а резултатот ќе бил поголем приход во компаниите.

„Државата, по основ на придонеси, ако ги земеме предвид само овие 110.000 работници со минимална плата, а знаеме дека данокот по основ на придонеси треба да биде по 25 евра плус, државата ќе добие на месечно ниво 2.750.000 евра. А ние работниците ќе добиеме достоинствена плата. Не за преживување, туку за живеење, а оваа минимална плата која ја бараме од 18.000 денари, е социјална плата за егзистенција ипод тоа неможе да прифатиме“, рече Димовски.

Советот на ССМ на протестот пред Организацијата на работодавачи донесе едногласна одлука – штрајк и други облици на притисок како што се блокирање на институции и патишта со претходна најава на штрајкувачкиот одбор доколку на средбата во 16 часот не бидат прифатени барањата доставени од Синдикатот.

(Б.Божиновска)

закон за минимална плата минимална плата ССМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.