Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССНМ: Сомнителна е намерата на Владата со законот за медиуми

0
By Нова ТВ on May 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сојузот на синдикати на новинарите во најновиот билтен ги нотираше своите забелешки на нацрт законот за медиуми.

Според ССНМ, начинот на кој Владата се обидела да донесе еден исклучително важен закон, како што е законот за медиуми, внесува сомнеж во добрите намери да се регулира медиумскиот простор.

ССНМ вели дека најпроблематични членови на законот, што за кусото време успеале да ги детектираат се:

– Агенцијата за медиуми (составена од 3 членови предложени од Собрание, 3 од ЗЕЛС и еденод мнозинското здружение на новинарите) која претставува политичко тело пар екселанс и која има речиси неограничени ингеренции и контрола врз медиумите (ги регулира, одзема право на емитување и сл.)

– Работниот статус на новинарот станува детерминанта на неговиот професионален идентитет. Со дефинирањето на новинарот како некој кој што однапред има склучено договор за работа се отвора можност за селективно акредитирање, се оневозможува работата на слободните новинари и се дискредитираат сите кои во моментот немаат работен ангажман со работодавач.

– Го укинува правото на новинарот за заштита на изворот на информации со тоа што со закон се наложува идентитетот на изворот да мора да му биде познат на уредникот.

– Законот практично врши регулација на професионалните стандарди за кои надлежност ќе има Агенцијата за медиуми односно судот со што се укинува целата идеја за саморегулација (членовите 4 и 5).

– Одредени членови од законот претставуваат директно мешање на државните органи врз содржина на медиумите (член 6 каде се бара при информирањето да мора да се користат само официјални извори од надлежни институции) .

– Иако постои посебен закон за граѓанска одговорност за клевета и навреда законот дополнително го нормира ова дело со тоа што го посочува како причина за ограничување на слободата на медиумите.

– Законот дозволува цензура затоа што во членот 4 (за слободата на изразување и слободата на медиумите) став 10 вели дека цензурата е забранета, освен во случаи кои се наведени во став 3. Во тие случаи се и заштита на моралот, угледот и авторитетот на судската власт.

– Агенцијата ја презема улогата на регулатор но и контролор на саморегулативните тела (таа со нив склучува договори, поттикнува саморегулација.

– Законот не забранува лидер на политичка партија воедно да биде и издавач на медиум.

– Законот не го регулира прашањето на рекламите, особено оние што се финансираат од буџетски средства, што практички легализира државна корупција на медиумите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

ВЕСТИ October 24, 2025

Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој…

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.