Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стандард: Балканот станува тест-лабораторија за геополитички интереси

0
By Нова ТВ on August 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Австрискиот  весник „Стандард” објави анализа во која тврди дека и Европската унија и Русија и Кина и САД и Турција ги користат трговијата и политиката за да обезбедат влијание на Балканот.

Според весникот, Русија не сака Македонија да влезе во НАТО и затоа се обидува да го поткопа историскиот договор на Грција и на Македонија за решавање на спорот за името.

Се потсетува дека македонскиот премиер Зоран Заев неодамна објави дека грчките бизнисмени, симпатизери на „руските работи”, се обиделе да ги натераат луѓето да провоцираат насилство во Македонија.

Виенскиот весник понатаму објаснува дека официјалните претставници на руската амбасада во Атина дури се обиделе да придобијат со пари политичари, бизнисмени и монаси на Атос за да дејствуваат против решавањето на спорот за името, и потсетува дека Атина ги истера овие дипломати во јули.

Повикувајќи се на анализата на инвестициите и односите, весникот пишува дека земјите од Југоисточна Европа одамна биле длабоко поврзани со ЕУ, при што се уште е најсилно политичкото влијание на Западот. Се вели дека многу земји не се во ЕУ, а Русија се обидува да го искористи тој вакуум за да оствари влијание од геополитички причини.

Директорот на Центарот за Југоисточна Европа на Универзитетот во Грац Флоријан Бибер за „Стандард” анализира дека ова е овозможено поради недоволниот ангажман на ЕУ и амбивалентниот став на САД.

-Русија ја користи слабоста на другите, вели Бибер, и проценува дека руските операции во Грција се резултат на зголемените нервози на Москва.

-Во случај на имплементација на договорот меѓу Грција и Македонија и нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово, Русија ќе ги изгуби важните адути, и само Босна ќе им остане за предизвикување невољи, смета Бибер.

Според „Стандард“, во Босна и Херцеговина тоа попречување е од одамна и многу силно се чувствува, при што се се констатира дека „најдобриот вазал на Путин на Балканот е  претседателот на Република Српска, Милорад Додик“, кој според австрискиот весник, прави се за да ја спречи интеграцијата на БиХ во НАТО или во ЕУ.

Но, весникот истакнува дека во БиХ големо влијание има и Турција.

„Стандард“ посочува дека преку медиумите како Став, Фактор и новинската агенција „Анадолија”, турцката Влада спроведува хајка против поддржувачите на проповедникот Фетулах Ѓулен и потсетува дека при последната посета на турскиот претседател на Сараево во мај, Изетбеговиќ изјавил дека Ердоган бил пратен од „Алах “.

Австрискиот весник потсетува дека турската разузнавачка служба во март во Приштина привела шестмина турски државјани блиски до движењето на Ѓулен.

Во написот уште се додава дека Кина, која е интензивно ангажирана, го смета регионот за приоритет, што треба да им овозможи влез на западноевропскиот пазар.

балкан Бибер влијанија Стандард
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.