Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Станот на СФРЈ во Трст го добија Македонија и Србија

0
By Sashko on December 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Земјите наследнички на поранешна Југославија се согласија на Северна Македонија и Србија да им го доделат станот на СФРЈ во Трст, соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, станот од распадот на поранешната држава е во сопственост на Словенија, но во последните години го користел студентскиот дом „Среќко Косовел” во Трст.

Државите наследнички го поделија целиот дипломатски имот на поранешната СФРЈ во регионот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), соопшти Министерството за надворешни работи на Словенија.

Во завршна фаза е последната од петте продажби на недвижности на поранешна СФРЈ во Токио, Бон, Берн и Њујорк.

Додека Словенија и Србија веќе потврдија дека се подготвени да го потпишат купопродажниот договор за заедничка продажба на куќата на поранешната мисија на СФРЈ во Њујорк, другите три држави наследнички сè уште немаат спроведено внатрешни процедури за добивање формално одобрение од нивните влади.

Куќата на мисијата во Њујорк, како што претходно беше најавено, е најголемиот „скапоцен камен” меѓу имотите вклучени во продажбата. Таа се наоѓа на Петтата авенија, една од најпознатите улици во Њујорк, веднаш до Централ Парк.

Вчера српското МНР соопшти дека амбасадорот на Србија во Швајцарија, Горан Брадиќ, по овластување и наредба на шефот на дипломатијата Никола Селаковиќ, потпишал купопродажен договор со амбасадорот на Северна Македонија во Швајцарија, Кенан Рамадани, за купување на косопственичкиот удел на Северна Македонија над зградата на Амбасадата на поранешна СФРЈ во Берн, со што на земјава ќе ѝ се исплати нејзиниот удел од осум отсто од зградата во која се наоѓа Амбасадата.

Имот Македонија Србија стан СФРЈ Трст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.