Published: Monday, February 28, 2022 12:48
Санкциите на Европската Унија (ЕУ) против руската Централна банка стапија на сила утринава, откако беа објавени во официјалниот Службен весник на ЕУ, додека и Швајцарија соопшти дека „е многу веројатно“ оти наскоро ќе ги замрзне руските средства во своите банки.
Санкциите вклучуваат забрана за трансакции со руска финансиска институција, изјави шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пренесе Хина.
Ќе се замрзнат и сите средства на банката во ЕУ за да се блокира финансирањето на војната на рускиот претседател Владимир Путин во Украина.
Мерката се смета за значајна како и планираното исклучување на руските финансиски институции од банкарската мрежа SWIFT.




