Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стапува на сила нов европски закон за медиуми и заштита на новинари

0
By Zoran Ivanov on August 8, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Значајниот европски акт за слобода на медиумите на ЕУ (ЕМФА) денеска стапи на сила, а целта е да обезбеди подобра заштита за новинарите и да ја направи сопственоста на медиумите по­транспарентна, пренесува Еуроњуз.

Европскиот акт за слобода на медиумите воведува нов сет правила за заштита на медиумскиот плурализам и независноста во ЕУ. Со нив ќе се обезбеди јавните и комерцијалните медиуми полесно да работат преку границите во внатрешниот пазар на Унијата, земајќи ја предвид дигиталната трансформација на медиумскиот простор.

Меѓу клучните одредби, законот предвидува заштита на уредувачката независност и новинарските извори, како и изрична забрана за користење шпионски софтвер против новинари.

Законот гарантира независно функционирање на јавните сервиси, а ја зголемува и транспарентност во сопствеништвото на комерцијалните медиуми. Регулативата ги опфаќа и големите онлајн платформи како Фејсбук, Икс и ТикТок и други со механизми на заштита од неоправдано бришење на содржини од нивна страна.

Важно е и тоа што обезбедува транспарентност во државното рекламирање, а ја зголемува транспарентноста во мерењето на публиката за медиумите и огласувачите.

„Со стапувањето во примена на европскиот акт за слобода на медиумите, медиумите и новинарите низ ЕУ добиваат досега невидени гаранции, а граѓаните можат да веруваат дека вестите што ги добиваат се водени од факти, а не од бизнис или политичка агенда,“ изјави европскиот комесар за демократија, правда и владеење на правото, Мајкл Мекграт.

Законот беше изготвен од Европската комисија и со големо мнозинство поддржан од Европскиот парламент на пленарно гласање во 2024 година.

 

ЕУ закон заштита новинари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.