Американскиот ланец кафулиња Старбакс ќе вработи 10.000 бегалци во светот во наредните пет години, како одговор на уредбата на претседателот Доналд Трамп против имигрантите.
– Живееме во време во кое ветувањето за американскиот сон е ставено под знак прашање, изјави директорот на Старбакс Хауард Шулц.
Шулц кој се смета за близок до демократите вели дека компанијата е во контакт со своите вработени кои се погодени со претседателскиот декрет за воведување остри рестрикции за пристап во Америка.
Овој ланец ресторани во следните пе голдини сака да вработи лица кои бегаат од војни, прогони и дискриминалција во 75 земји.
Шулц исто така ја коментираше и одлуката за изградба на ѕид со Мексико.
– Градиме мостови, а не ѕидови со Мексико, рече тој, додавајќи дека Старбакс исто така ќе продолжи со вложувањето во Мексико каде има 600 локали и 7000 вработени.




