Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Старец починал во Скопје откако го прегазила кола, го ограбиле и го оставиле во слепа улица

0
By НОВА ТВ Terziova on May 26, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Foto: NetPress
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

70-годишниот Ахмед Кокица пред две недели излегол од работа на пат кон дома и бил прегазен од автомобил на крстосница во скопската населба Топанско поле, пишува Алсат.

Според членовите на семејството, луѓето кои биле во автомобилот, наместо да му укажат помош и да го однесат во болница, го ограбиле старецот и го оставиле во слепа улица. Тој паднал во кома и починал по неколку дена.

Ахмед работел во угостителски објект до 22 часот и тргнал кон дома, но ноќта на 12 мај не се вратил. Роднините не можеле да го добијат на мобилниот телефон зашто виновниците веројатно го фрлиле.

„Според првите информации на докторката тој ден кога отидовме во болницата, кажувајќи ни го случајот, таа рече дека починатиот бил прегазен на пешачки премин. Сомнежите се дека го прегазиле, го зеле и го фрлиле во слепата улица,“ изјави за Алсат неговиот роднина Шемун Амети.

Во потрага по траги, земени биле снимките од безбедносните камери од околината каде се случила несреќата, но надлежните не даваат информации дали возилото е идентификувано.  Од јавното обвинителство велат дека се во почетна фаза на случајот.

Од МВР велат дека случајот во полиција бил пријавен околу два часот по полноќ. По доаѓањето на местото на настанот го нашле Ахмет со тешки телесни повреди и речиси без знаци на живот. Го однеле во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

„Во разговор со медицинскиот персонал на Клиниката за токсикологија изјавил дека се здобил со повреди од удар на возило. Полициски службеници од единицата за сообраќајни незгоди при СВР Скопје извршиле разговор со медицинскиот персонал, по што бил известен Јавен обвинител кој дал упатства за понатамошно постапување. СВР Скопје работи на расчистување на случајот.“ велат од МВР.

„Има сомневања дека оние кои го прегазиле го фрлиле и му ги зеле парите, чантата, телефонот и сакале да го сокријат случајот. Сега велат дека имал шише во џебот, сега не разбирам. Ем го удрило возило, ем шишето не се скршило, а сè друго зеле. Немам друг коментар,“ изјави неговот роднина Шемун Амети.

Според извештајот од Судска медицина, обдукцијата покажала дека Ахмед Кокица имал траги од силни удари од страната на половината со скршени ребра и пршлени. Од здобиените повреди на виталните органи паднал во кома сè до 18 мај, кога починал во болницата.

Македонија Скопје Хроника
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.