Секторите со економска активност во земјава во текот на 2018 година создале 1.143 тони отпад од кои 98,21 отсто е неопасен, а 1,79 отсто е опасен отпад, објави Државниот завод за статистика.
Податоците укажуваат дека најмногу отпад создава преработувачката индустрија – 531.000 тони или 46,54 отсто.
Во оваа година вкупно се третирани 1.142 тони отпад. Количеството на рециклиран отпад изнесува 524.000 тони. Најмногу се рециклирале отпадоци од железен метал, необоени метали, отпадоци од хартија и картон и отпадоци од пластика.