Статуи од кандидатот за претседател на САД Доналд Трамп осамнаа во повеќе градови ширум САД и ги преплавија социјалните мрежи со граѓани кои се фотографирале. Фигурите од Трамп без облека се дел од проектот на анархистичката група „Индиклајн“.
Трамп во природна величина и без облека и без тестиси осамна во Њујорк, Лос Анџелес, Сан Франциско и Кливленд.
Случајните минувачи запирале и се сликале крај статуите, а фотографиите од голиот Трамп станаа хит на социјалните мрежи.
Спомениците набрзо биле отстрането од јавните површини.
Анархистите во интервју за весникот „Вашингтон пост“ рекоа дека сакале да го понижат претседателскиот кандидат на републиканците поради неговите авторитарни тенденции. Тие исто така наведоа дека диктаторите често себе си си подигаат споменици.
https://twitter.com/drnicomartini/status/766349035980468224







