Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Статус-кво: Нема напредок во разговорите за закон за јавно обвинителство

0
By Нова ТВ on January 25, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 25, 2020 11:15

Не е постигнат напредок во разговорите за донесување закон за јавно обвинителство ниту по вчерашната средба на партиските работни групи што се одржа во Собранието. Кусо по почетокот претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија средбата образложувајќи дека бараат на разговорите да биде присутен државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. За власта, ваквата постапка на ВМРО-ДПМНЕ е алиби за бегство од процесот на преговори.

Антонио Милошоски вчера по средбата истакна дека претставници на партијата ќе го продолжат учеството на средби на кои ќе се разговара за закон за јавно обвинителство, само доколку биде присутен обвинителот Јовески.

Во однос на тоа зошто е потребно неговото присуство на ваквите средби, Милошоски истакна дека тој лани во декември имал големи забелешки на разговорите и на Предлог-законот за јавно обвинителство истакнувајќи дека е потребно да се донесе квалитетен закон кој нема да е резултат на политички договарања.

За ВМРО-ДПМНЕ, како што истакна Милошоски, четвртиот предлог што го добиле од Министерството за правда е добра основа за преговори за стигнување до едно подобрено решение за закон за Јавно обвинителство, но како што најави, забелешки и милења за него ќе достават на средба на која ќе присуствува и државниот јавен обвинител.

Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за министерката за правда Рената Дескоска претставува само обид на оваа партија да го одолговлечи процесот и да не ги дадат забелешките, бидејќи, како што вели, во суштина забелешката им е само една, а тоа е прекинување на сите постапки поврзани со незаконското следење на комуникациите.

„Жал ми е што постапија така, но исто така морам да кажам дека беше очекувано нивното однесување имајќи во предвид дека тие едноставно не сакаа да дојдат и пред другите политички партии да го соопштат својот став којшто е практично запирање на предметите од СЈО“, рече Дескоска по средбата на партиските работни групи за законот за јавно обвинителство што се одржа во Собранието.

Дека барањето на ВМРО-ДПМНЕ е само алиби, според неа, говори и фактот дека кога била договарана средбата и нејзиниот формат тие не побарале Јовески да биде присутен.

„Кога прифатија да присуствуваат на средбата, разговаравме за форматот на тоа кој друг би бил поканет на средбата и истакнаа барање да се поканат претставници на Европската делегација и на Амбасадата на САД и тоа барање ние го прифативме и беа поканети. Значи, форматот на средбата кој би бил поканет надвор од пратеничките групи беше договаран пред да почне средбата заедно со ВМРО-ДПМНЕ. Тие во ниту еден момент не побараа Јовески или некој друг да биде присутен, рече министерката Дескоска.

Таа најави дека разговорите ќе продолжат со сите кои се заинтересирани да го поддржат законот и оти власта ќе направи обид да обезбеди двотретинско мнозинство без ВМРО-ДПМНЕ.

„Мислам дека е некоректно да ја ставиме на коцка иднината на овој закон само во рацете на ВМРО-ДПМНЕ така што продолжуваме да разговараме со сите политички партии во Собранието и пратенички групи со цел да обезбедиме двотретинско мнозинство. Сите се поканети. На сила не можеме да донесеме никого, ниту имаме намера“, рече Дескоска.

На вчерашната  средба во Собранието присуствуваа претставници на пратеничките групи, министерката Дескоска, претставници на ЕК во Скопје, на американската Амбасада, како и претставници на Платформата на граѓански организации за борба притив корупцијата.

Вчера порано во текот на денот претседателот на СДСМ Зоран Заев повторно ги повика сите политички субјекти, пратенички групи и независни пратенички групи да преземат одговорност во донесувањето на законот за јавно обвинителство, и како што рече, да бидат решавачки фактор кога е во прашање правната држава и европската иднина на земјава.

„Особено ја повикувам опозицата да се надмине себеси со прифаќање на законско решение за јавно обвинителство, да докаже дека е против криминалот и дека е за владеење на правото“, рече Заев и додаде дека носењето на законот за ЈО ја гарантира европската иднина на државата.

Резидентни амбасадори од земјите членки на Европската Унија во земјава завчера на средбата со премиерот Оливер Спасовски дадоа силна поддршка за продолжувањето на реформите, за почитувањето на Преспанскиот договор и добрососедските односи, за политиките на дијалог. Но, констатираа и дека носењето на Законот за јавно обвинителство, иако не е услов за евроинтеграциите, ќе биде добра порака за определеноста на сите политички субјекти во земјава кон дијалог и кон владеење на правото.

По серијата неуспешни обиди за договор меѓу власта и опозицијата, прашањето за законот за ЈО повторно се актуелизира по минатодонеделната посета на еврокомесарот Оливер Вархеjи на Скопје, кој порача дека би било добро сегашниот парламентарен состав пред распуштањето да го донесе законот, што би било добар знак упатен до земјите-членки на ЕУ во контекст на очекуваната одлука за отворање на преговорите за членство на земјава во Унијата.

ВМРО ДПМНЕ Закон за ЈО СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 28, 2026Updated:January 28, 2026

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

ВЕСТИ January 28, 2026

Работниците побараа до крајот на идната недела пратениците да изгласаат зголемување на минималната плата. Пред…

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.