Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ставаме на располагање 500.000 евра за производителите на зимска зелка на отворено преку Интеревентната програма

0
By Marta Pesevska on April 12, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: Влада.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во Валандово одржа средба со производителите на зимска зелка на отворено. На средбата, министерот Николовски ги информираше производителите дека се подготвува нова интервентна мерка со која Министерството преку Интервентната програма ќе им излезе во пресрет на производителите на зимска зелка на отворено. Беше презентиран предлог за мерката, кои услови треба да бидат исполнети, начинот на аплицирање а се разговараше и за одредување на најоптималните рокови за поднесување на барања, со цел никој да не биде оштетен.

Станува збор за производство на расадена зимска зелка на површина од околу 500 хектари, од валанадовско-гевгелискиот регион. Министерството предложи производителите на зимска зелка да добијат финансиска поддршка за остварено производство, за која цел  од буџетот на Интервентната програма ќе се издвојат 500.000 евра, сума со која се опфатени сите производители, со што уште еднаш докажуваме дека се грижиме за секој еден земјоделец.

Интервентната програма е нова програма која ја креиравме уште пред почетокот на кризата и која за цел имаше токму вакви ситуации, да имаме однапред обезбеден буџет за да интервенираме секаде каде ќе биде потребно.

Крајниот рок за поднесување на барањата и сите детали за креирањето на мерката дополнително ќе се утврдат. Она што е најважно е дека Министерствто ќе интеревенира со 500.000 евра, пари кои се веќе обезбедени.

Сето ова е потврда дека Министерството вистински се грижи за домашното производство. Секогаш сме тука за да им помогнеме на сите земјоделци и вложуваме реални напори да го одржиме и да го зголемиме домашното производство на храна.

Интервентна мерка Љупчо Николовски Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.