Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ вели осомничениот за петкратното убиство во Житиште пукал од автоматско оружје што нелегално го поседувал, а ситуацијата била потполно неочекувана и немало никакви знаци што би укажувале на трагедија.
Напаѓачот од автоматска пушка истрелал повеќе рафали и притоа усмртил пет лица и ранил околу 20.
– Постои сомнение дека станува збор за љубомора, бидејќи прва настрадала неговата поранешна сопруга, додека голем број луѓе се повредени и трагично настрадани, рече министерот.
Ситуацијата била сосема неочекувана бидејќи осомничениот немал ниту еден прекршок, ниту кривична пријава.
Итната помош прва пристигнала, а потоа и медицинските екипи од Зрењанин. Полицијата го привела осомничениот и го совладала, а тогаш веќе му била и одземена пушката.




