Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стефановски: Триумф на Нирнбургринг е тежок како да искачувате планина

0
By Нова ТВ on May 28, 2017 СПОРТ
Фото: fiaetcc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 28, 2017 11:19

Игор Стефановски-Иџе е презадоволен од својот настап на Нирнбургринг каде се возеше третата од шесте трки во сезоната во ЕТЦЦ шампионатот. По четвртото и петтото место во Монца и четвртото и осмото место на Хунгароринг во Унгарија, најдобриот македонски автомобилист, конечно, на подиумот на познатиот автодром во Германија. И тоа не еднаш туку двапати. Втор во првата трка и победник во втората за комплетирање на викендот за паметење.

„Ова беше една од најдобрите трки во мојата кариера, слободно може да кажам и најдобра трка во мојот живот. Патеката на Нирнбургринг е тешка како да искачувате планина, па оттука и стекнатото искуство е непроценливо за мене и мојот тим кој направи одлични подготовки на автомобилот. Честитки до сите, завршивме одлична работа викендот“, изјави Игор Стефановски-Иџе по одличните настапи во Германија.

Стефановски победи во втората трка со време 28:11 минути пред Фабио Мота од Португалија (28:12,487) и Петр Фулин од Чешка (28:12,703).

Фото: fiaetcc.com

Триумф во првата трка оствари Фулин со резултат 27:56,335 минути, Стефановски беше втор (28:04,981), а Мота трет (28:05,244).

Одличните трки на Нирнбургринг значат и нови 18 бода (10 за победа, 8 за второ место) на контото на Стефановски кој по првата половина од сезоната е трет во генералниот пласман со 33 бода. Лидер е Швајцарецот Крисјоханес Шрајбер со 44 бода, Фулин е втор со 43.

Фото: fiaetcc.com

Наредниот натпреварувачки викенд во серијата e во Вила Реал, гратче на северот на Португалија, каде од 23 до 25 јуни ќе се возат првите улични трки во ЕТЦЦ шампионатот.

Автомобилизам ЕТЦЦ шампионат Игор Стефановски-Иџе Нирнбургринг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.