Published: Friday, July 3, 2015 11:59
Американскиот Стејт департмент соопшти дека односи меѓу Вашингтон и Берлин се длабоки и цврсти, откако во јавноста излезе скандалот за прислушување на НСА во Германија.
– Не сакаме да има никаква тензија во односите, изјави портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби, по состанокот на американскиот амбасадор во Германија со шефот на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел.
Според медиумите, Националната безбедносна агенција на САД, освен Меркел ги прислушувала и членови на германската влада, меѓу кои министерот за одбрана и министерот за финансии.




