Подваријантата Стелт станува доминантна – таа денеска е потврдена кај 54.4 отсто од испитуваните 47 примероци во Лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје, односно овој поттип на вирусот е откриен кај 25 заразени, додека 21 лице, или 45.6 отсто, се позитивни на Омикрон варијантата на вирусот БА1.
Примероците пристигнале за тестирање во лабораторијата во периодот од 21 до 28 февруари годинава.
– Во лабораторијата за вирусологија на ИЈЗ денеска е изведен PCR тестот за детекција на варијанти на SARS CoV-2. Изработени се 47 примероци (од клиника и пунктови) позитивни на SARS CoV-2 со RT -PCR (три гена) од Скопје, Кавадарци, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Велес, Штип, Демир Капија и Гевгелија. Од нив, 21 се позитивни на Омикрон варијантата на вирусот БА1, што изнесува околу 45.6 отсто, додека 25 примероци се позитивни на БА2 подваријантата на омикрон-стелт, што изнесува околу 54.4 отсто – информираат од Институтот за јавно здравје.
Во најновиот извештај на ИЈЗ, како што објавивме, се наведува дека во минатата недела (од 21 до 27 февруари) се регистрирани за 39 отсто помалку заразени со ковид-19, а за 45 отсто помалку починати, во однос на претходната недела. Вкупно 543 граѓани се инфицирале по вторпат, што е помалку за 37 отсто.
(Љ.Б.)