Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За околу 40 отсто помалку заразени и починати од ковид-19, а 543 граѓани по вторпат се инфицирале

0
By НОВА ТВ Balaban on March 1, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 1, 2022 11:11

Пријавени се 68 смртни случаи во 19 градови во текот на изминатата недела, за 45,6% помалку  во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (27)

Активноста на коронавирусот во земјава значително се намалила во минатата недела – регистрирани се за 39 отсто помалку заразени, а за 45 отсто помалку починати. Вкупно 543 граѓани се инфицирале по вторпат, што е помалку за 37 отсто, а еден и по третпат фатил ковид-19, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 21 до 27 февруари годинава.

Кавадарчани најмногу се заразувале 

Тестирани се вкупно 19.217 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,9% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 3.702 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 39,5% во однос на минатата недела (n=6.120). Процентот на позитивност се движи од 13,1% до 24,2%, просечно 18,6%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.975; 53,3%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 394,1/100.000, Скопје – 311,4/100.000 и Гевгелија – 285,3/100.000.

Најмногу заболувале постарите од 60 години, најмалку децата

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60г (n=951, 25,7%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=194; 5,2%).

Во однос на претходната недела, се забележи намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 43,6% во возрасната група од 10-19 години и 43,5% кај лицата на возраст од 50-59 години

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 6.094 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување.

Починале 68 лица во 19 градови, најмладите на возраст од 40 до 49 години 

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 543 реинфекции, од кои една е втора реинфекција, со намалување за 37,2% во однос на претходната недела.

Пријавени се 68 смртни случаи во 19 градови во текот на изминатата недела, за 45,6% помалку  во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (27). Во однос на возраста, најголем број (n=63; 92,6%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (2) и 40-49 години (3).

Речиси  300.000 позитивни лица и 9.010 смртни случаи

Од 15.02.2020-27.02.2022 тестирани се вкупно 1.890.628 материјали (детектирани 297.262 позитивни лица).

Заклучно со 27.02.2022, регистрирани се вкупно 10.474 (3,5%) реинфекции, од кои 27 лица се заразиле по третпат.

Досега се регистрирани 9.010 смртни случаи (Лт=3,0%). Во однос на недела на пријавување најголем број се регистрирани се во тек на 14-тата недела во 2021 (n=297).

Од ИЈЗ напоменуваат дека „според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги  предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата се проценува дека: Република Северна Македонија е во фаза на широка трансмисија, подниво 3, со соодветни капацитети за одговор“. 

Во однос на состојбата во светот, по земји, најновите податоци од СЗО се на следниот линк

(Љ.Б.)

Заразени Извештај ИЈЗ помалку Починати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.