Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стерилизирана владина програма за 2026: Судството нереформирано, европската агенда блокирана

0
By Zoran Ivanov on February 4, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 4, 2026 15:57

Програмата споменува „европска перспектива“, но суштински план за продолжување на преговорите со ЕУ нема. Не се наведува ништо за уставните измени поврзани со внесување на Бугарите во Уставот – клучен услов за деблокада на преговорите.

Дијана Тахири

Владата ја усвои Програмата за работа за 2026 година – документ од над 400 страници, претставен како стратешки, сеопфатен и реформски план. Во соопштението на Владата,  доминираат зборови како „системски закони“, „квалитет“, „одржливост“ и „европска иднина“. Обемот на текстот ( 400 страници), според соопштението од Владата,  очигледно не ги  содржи суштинските прашања за кои граѓаните очекуваат одговори се скоро целосно избегнати. Останува темелно да се прочита и анализира, сепак.

Според Владата, Програмата опфаќа образование, здравство, дигитализација, јавна администрација, економија и вработување, а најавите се сведени на формулирани ветувања – нови закони за образованието, стратегија за млади лекари, Закон за електронска фактура, оперативен план за вработување, Центар за дигитални вештини. Сето тоа звучи модерно, но, како и во минатото, зборовите не се претвораат во конкретни чекори кои ја менуваат реалноста за граѓаните.

Правосудството – „висок приоритет“ скриен во 400 страници

Реформата на судството се наведува како „висок приоритет“, но, во соопштението од Владата само се спомнува во еден од пасусите, не давајќи никакви детали околу реформите, освен за декларативно. На хартија звучи добро, но кога се погледнат конкретните случаи што ја разнишаа јавноста, станува јасно дека вистинските проблеми со правдата остануваат нерешени.

Довербата на граѓаните во судството според релевантни истражувања изнесува само 8–15%, една од најниските во регионот. Во последните речиси две децении, бевме сведоци на долг список  скандали што создадоа длабоко верување правосудство што не може, или не сака, да се соочи со злоупотреби на моќта:

– Пронајдени 350.000 евра „соѕидани“ во ѕидови во домот на судија од Апелациониот суд во Скопје, поврзани со истрага за противправно стекнување и прикривање имот за кој постојат сомнежи за корупција и трговија со влијание.
– Апсење на судија на Врховниот суд поради сомневање за земање мито** за олеснување во судски постапки.
– Обвинение против судија Зоран Теофиловски за манипулирање со државен имот** и добивање поволности при приватизација на државно земјиште, предмет што на крај беше отфрлен по измените на Кривичниот законик.
– Низа предмети од СЈО, вклучувајќи прислушкувани предмети и политички чувствителни афери, кои завршија со делумно или целосно укинати пресуди, создавајќи чувство на недостиг на правда.
– Предметот „Таргет‑Тврдина“, откриен од СЈО, каде што беа нелегално прислушувани илјадници граѓани, а клучните обвинети се соочија со рестрикции или застарување на обвиненијата поради измени во Кривичниот законик.
– Во 2023 година,  административниот судија Мустафа Шахини осуден на пет години затвор  за злоупотреба на службена положба, што ја покажува суштината на етичките и коруптивните проблеми во системот.

И ова е само дел.

Покрај овие примери, постојат и официјални извештаи на  ГРЕКО,  кои укажуваат дека земјата сè уште има работа за спречување корупција кај пратеници, судии и обвинители. Дел од препораките се исполнети формално, но суштински, многу од нив остануваат нецелосно имплементирани, особено мерките за етика, дисциплински санкции и независност на правосудството.

И покрај овие случаи и меѓународни оценки, Програмата за 2026 година не нуди јасни рокови или механизми за справување со овие системски слабости, оставајќи правдата како формална илузија, наместо практична гаранција за граѓаните.

Европска агенда ?

Програмата споменува „европска перспектива“, но суштински план за продолжување на преговорите со ЕУ нема. Не се наведува ништо за уставните измени поврзани со внесување на Бугарите во Уставот – клучен услов за деблокада на преговорите.

Премиерот Христијан Мицкоски повеќепати јавно изјави дека уставни измени нема да има без „гаранции за македонскиот идентитет“, став што го повторува постојано, без одговорност за последиците по државата и општеството. Коалицискиот партнер ВЛЕН ветуваше дека уставните измени и европската интеграција ќе бидат приоритет и дека ќе се реализираат „во рок од шест месеци“. Од ВЛЕН досега нема никаква иницијатива, ниту притисок , освен гласни изјави од назначените функционери. Формулираната „европска перспектива“ во документот звучи како празна реторика.

Јавна администрација и правична застапеност

Во делот за јавната администрација се најавува единствен систем на плати и нови закони за високата раководна служба. Но во јавноста се отвори дебата за правичната застапеност, која произлегува од Охридскиот рамковен договор. Венецијанската комисија укажа дека какви било промени мора да обезбедат зачувување на етничкиот баланс, а истовремено да се почитува мерит-системот. Министерот Горан Минчев тврдеше дека новите решенија ќе донесат поголема правичност, но без јасни институционални гаранции, ризикот од селективна политичка примена останува голем. Охридскиот договор врз кој се темелат овие политики – за веќе не толку  новата власт- во моментов постои само како документ за опортунистичка употреба.

Опозицијата и политичкиот контекст

Во овој момент, формално најголема опозициска партија е СДСМ, која гласно реагира на владините политики со прес-конференции и критики. Но реакциите се често без јасна програма или алтернатива, а јавноста не гледа сериозен притисок врз власта.

ДУИ, пак, се позиционира како активен фактор во прашањата поврзани со европските интеграции, уставните измени и примената на Охридскиот договор. Накратко, ДУИ квалитетно ја користи пасивноста на ВЛЕН за да се претстават како „чувар“ на етничкиот баланс и европската агенда, консолидирајќи ја својата позиција меѓу албанските гласачи и со тоа ја насочуваат  јавната дебата.

Обемна програма, без одговор на отворени прашања

Програмата за 2026 година претставува обемен документ со најави за законски и стратешки иницијативи во повеќе сектори. Во неа доминираат определби за реформи, стабилност и европска иднина, додека клучните политички и институционални прашања – судството, уставните измени, европската интеграција и правичната застапеност – остануваат на ниво на општи фрази и декларации.

Програмата за работа за 2026 година, и покрај обемот и високата реторика, останува документ без политичка храброст и без одговор на клучните прашања. Наместо јасни рокови, одговорности и мерки, нуди познати фрази и општи ветувања.

Во држава со длабока недоверба во институциите, ваквите програми не создаваат надеж, туку го продлабочуваат чувството дека „реформите“ служат повеќе за политички маркетинг отколку за вистинска промена. Особено загрижува избегнувањето на уставните измени – клучен предуслов за продолжување на европските интеграции – што ја сведува „европската перспектива“ на празна декларација. Додека правдата, уставните обврски и институционалната одговорност се третираат декларативно, обемот на документот ќе остане единственото нешто што навистина е големо.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

владина Дијана Тахири програма
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.