Директорката на Инфективната Клиника во Скопје Милена Стевановиќ која заедно со Емилијан Станковиќ и Ирина Бухова беше една од неколкуте кандидати кои беа предложени од општинските одбори како кандидати за градоначалници за Општина Центар, денеска со објава го опиша актуелниот кандидат за градоначалник Горан Герасимовски како чесен, вреден,  професионален и што е најзначајно исполнителен.

„Горан има визија, Горан знае што треба во Центар, Горан живее со проблемите од Центар не од почетокот на оваа кампања, Горан живее со проблемите од Центар веројатно од како знае за себе. Затоа верувам дека има комплетно разбирање за секој центарец што сака, што му треба и каде се проблемите кои верувам дека ги има. “, вели Стевановиќ за Герасимовски.