Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СТО: Успорува светската стокова размена

0
By НОВА ТВ on November 16, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 16, 2021 11:29

Светската трговија забавува по наглото закрепнување од првичниот пандемски шок, поради нарушувања на производството и снабдувањето и намалената побарувачка за увоз, се вели во студијата на Светската трговска организација (СТО). Трговскиот барометар падна на 99,5 поени, од рекордните 110,4 поени во извештајот објавен во август, соопшти СТО. Вредностите над 100 поени сигнализираат забрзување на размената во споредба со среднорочните трендови, а тие го намалуваат нејзиното забавување.

Најмногу падна во тековниот извештај индексот, кој покажува трендови во трговијата со автомобилски делови, додека раст над среднорочниот тренд бележи индексот на авионски превоз. Индексите на трговијата со електронски компоненти, контејнерски транспорт и суровини беа 100 поени или блиску до таа вредност, што сигнализираше раст во согласност со среднорочните движења.

Падот на индексот во последниот квартален извештај е резултат на шокови во понудата, вклучително и доцнење во пристаништата предизвикано од бранот побарувачка за увоз во првата половина од годината, како и нарушувања во производството, особено автомобили и полупроводници, објаснуваат од СТО. Побарувачката, пак, почна да се забавува, забележуваат тие, посочувајќи на пад на индексот на извозни нарачки.

„Заладувањето на побарувачката за увоз може да го ублажи метежот во пристаништата, но заостанатите работи и одложувањата веројатно нема да се отстранат се додека логистиката за управување со контејнери е на или блиску до рекордно ниво“, посочуваат во СТО.

Резултатите во голема мера се во согласност со прогнозата на СТО дека обемот на трговија со стоки треба да се зголеми за 10,8 проценти оваа година, а да забави на 4,7 проценти во 2022 година. Изгледите и понатаму се засенети од ризиците кои би можеле да го забават растот, големите разлики меѓу делови од светот и континуираната слабост во трговијата со услуги, предупредува СТО.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.