Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сточарите до македонската влада: Ножот дојде до коска – или субвенциите веднаш или блокади на патиштата од петок

0
By Zoran Ivanov on December 21, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 21, 2025 21:11

Трпението е потрошено, ножот е дојден до коска.

Со оваа порака, Сојузот на одгледувачи на овци и земјоделците поддржани од КСОМ најавија дека в понеделник (22 декември) ќе излезат пред Владата. Ако не ги добијат парите неделава, од петок најавуваат радикализација и целосна блокада на државата.

Сточарите предупредуваат дека овчарството е во завршна фаза на колапс, а државата им должи неверојатни 1,5 милијарди денари само за субвенциите за 2024 година.

Револтот кулминира бидејќи Владата го пробила сопствениот рок. Според земјоделците, сите заостанати субвенции требало да бидат исплатени најдоцна до 30 јуни 2025 година. Денес, речиси шест месеци подоцна, сметките на сточарите се празни.

Се наоѓаме на крајот на 2025 година, а сè уште не се исплатени субвенциите за одредени мерки од 2023 година, како и за целата 2024 година. Денес, наместо пари – владее молк, велат од Сојузот.

Сточарите се жалат дека се двојно казнети. Дури и да ги добијат парите сега, тие вредат многу помалку.

Цените на сточната храна скокнале за 30-40%.

Реалната вредност на субвенциите е намалена за минимум 20%.

Бидејќи исплатата доцнела, тие не можеле навреме да набават храна за време на жетвата кога била поефтина, па сега мораат да плаќаат поскапо.

Барањата се децидни:

Итна исплата на сите заостанати субвенции во текот на оваа работна недела.

Компензација за изгубената вредност на парите.

Гарантирани откупни цени за следната сезона.

Доколку Владата не реагира веднаш, од петок, 26 декември 2025, земјоделците најавуваат ОПШТИ ПРОТЕСТИ со блокирање на сите главни сообраќајници низ државата.

„Ако не бидеме исплатени сега, следниот термин е март 2026 година, што е неприфатливо. Нашите семејства не можат да чекаат ниту ден повеќе. Фарми што хранеле генерации се затвораат, луѓе стануваат социјални случаи“, предупредуваат организаторите пред утрешниот собир пред Илинденска бр. 2.

 

протењсти сточари субвенции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.