Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стојанов до жителите на Пустец: Ако не се запишете како етнички Бугари на пописот, вашите бугарски државјанства ќе бидат одземени

0
By Ана Василевска on September 22, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 22, 2023 12:28

Претседателот на бугарската фондација „Македонија“ Виктор Стојанов упати отворена закана до жителите на Пустец, во Алабанија, каде живее македонското малцинство, доколку на претстојниот попис не се пишат како етнички Бугари ќе им бидат одземени бугарските државјанства. Во бугарското Собрание во процес се и законски измени со кои, како што објави бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев ќе бидат јавно објавени сите што земале бугарско државјанство во изминатите 22 години.

–  До сите жители на општина Пустец, Албанија: Ако не се запишете како етнички Бугари на пописот, вашите бугарски државјанства ќе бидат одземени во најкраток рок, а ако сте во процедура, постапките ќе ви бидат прекинати. Веќе имаме еден таков случај. Размислете, објави на Фејсбук Виктор Стојанов.

Бугарските парламентарци, претходно неделава без дебата ги разгледаа и поминаа на прво читање предлог измените на Законот за бугарско државјанство, поднесен од лидерот на „Преродба“ Костадин Костадинов и група пратеници од 10 мај 2023 година, како и тие на  Николај Алгафари (ГЕРД-СДС) и група народни пратеници и Радомир Чолаков (ГЕРБ-СДС) и група народни претставници.

Гласањето на измените го поздрави и бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев, порачувајќи дека неговата „лична битка повеќе од десет години е на пат, конечно да стане реалност“.

– 1. Церемонијата за добивање бугарско државјанство ќе биде свечена и јавна. 2. Регистарот на сите приматели на бугарско државјанство станува јавен. Со последната измена јавно ќе бидат познати сите наши сонародници од Република Северна Македонија кои се стекнале со бугарско државјанство во последните 22 години врз основа на докажано бугарско потекло и декларација за бугарска самосвест. Така, овие над 120.000 македонски Бугари, меѓу кои и многу поранешни и сегашни политичари, пратеници, министри, градоначалници, раководители на сектори, раководители на партии, сопственици на медиуми и телевизии, новинари, коментатори, како и нивните семејства ќе бидат јавно заштитени од говорот на омраза и дискриминацијата на македонските институции поради тоа што се чувствуваат Бугари. Очекувам брзо усвојување на второто читање на измените на законот!, објави на Фејсбук Ковачев.

Стојанов, кој е претседател на бугарската фондација „Македонија“ често се наоѓа во фокусот на јавноста со своите објави на Фејсбук, како што е понудата од 200 евра за идентитетот на македонскиот полицаец од граничниот премин Деве Баир, додека преку фондацијата нуди и пари на македонски деца што ќе го учат бугарскиот јазик и разни понуди за преземање на фудбалски клубови, меѓу кои и за Вардар.

Во Албанија во тек е пописот на населението кој треба да трае до 30 октомври. Изминатиот период голем број бугарски активисти, претставници на власта, невладини организации беа многу активни меѓу Македонците во Албанија обидувајќи се да ги убедат дека се Бугари. Се ветуваат пасоши, стипендии, бесплатно школување во Бугарија и работа.

бугарската фондација „Македонија“ Виктор Стојанов Пустец
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.