Андреј Стојановски во машка конкуренција и Миа Крстева во женска конкуренција се победници на Илинденскиот пливачки маратон за деца од 2,5 километри.

Илинденскиот пливачки маратон оваа година се одржа по 38 пат, а е во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови“ од Охрид.

Благодарение на „Healthy food“ од Зегин, „Ипанема“, „Медиа Центар Продукција“ и Александар Маленко оваа година наградите беа на светско ниво за сите учесници, а посебно за победниците.

Ова е одлична најава за 12 август кога во Охрид за прв пат ќе се одржи Олимписки пливачки маратон на 10 км. на кој генерален спонзор е „Healthy Food“ од Зегин.