Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг побара сите членки на Алијансата да ги обезбедат потребните пари за „гарантирање на трансатлантските врски“, кои Доналд Трамп планира да ги укине доколку членките не почнат да издвојуваат два проценти од БДП за финасирање на НАТО.
Во текот на изборната кампања Трамп неколку пати остро го нападна НАТО, нарекувајќи го застарен. Републиканецот исто така најави дека под негово водство САД ќе одбие помош за оние членки на НАТО кои не ги исполнуваат своите финансиски обврски.
Столтенберг и Трамп разговарале телефонски минатата недела, по кој генералниот секретар на Алијансата соопштии дека е постигнат напредок во реализацијата за почесна распределба на обврските вбнатре во НАТО.
Разговорот бил во петокот, а веќе во понеделникот Столтенберг објави соопштение во кое ги повикува државите членки да се угледаат на Британија и да ги издвојат потребните два проценти БДП и да ги уплатат во Алијансата.
Од сите 28 земји членки на НАТО, само САД, Велика Британија, Полска, Естонија и Грција ги исполнуваат обврските кон Алијансата во однос на издводјувањето на пропишаната сума. Американците придонесуваат најмногу со 3,6 проценти од БДП, пишува во годишниот извештај на НАТО.
Во 2015 година државите члени на НАТО потрошиле околу 892 милијарди долари за одбрана, додека САД во НАТО дале уште дополнителни 650 милијарди.
Доналд Трамп инсистира секоја змеја членка да придонесува со 2 проценти од БДП.
-Сметам дека во ек на руската агресија, Британија мора да ги исполнува своите обврски. Придонесуваме со трупи на истокот на Европа и така ќе продолжиме. Се надевам дека сите членки ќе тргнат по нашиот пат, изјави британската премиерка Тереза Меј по средбата со Столтенберг.
Русија со години е на мета на обвинувањата од ЕУ и НАТО кои ја опишуваат како главна закана и фактор на нестабилност во светот. Обвинувањата особено се засилија откако Кремљ распореди моќни проектили „искандер“ во Калининград, во срцето на НАТО во Европа. Русија тоа го смета за „соодветен одговор на се поопасното ширење на Алијнсата кон границите на Русија“.
Она што ги загрижува Британците и балтичките земји, кои предничат во вербалните напади на Русија, е тоа што новиот претседател на САД сигнализирал дека ќе развие потопли односи со Кремљ. Неговите закани кон останатите НАТО членки само дополнително го продлабочија стравот од доаѓањето на ерата на руската доминација.




