Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја отфрли можноста Алијансата да испрати војска на терен во борбата против џихадистите на Исламската држава.
– Тоа не е во агендата на коалицијата на сојузницитен а НАТО, вели Столтенберг за швајцарски весник.
Според него, САД има ограничен број на специјални сили а во преден план е зајакнување на локалните сили.
– Не е лесно, но е единствената опција, дополнува Столтенберг.
Како што нагласува генералниот секретар Столтенберг, ова не е војна помеѓу Западот и исламскиот свет, туку војна против “екстремизмот и тероризмот“.
– Муслиманите се на фронтот на оваа војна. Повеќето жртви се муслимани и повеќето од тие кои се борат против ИСИС се муслимани.
Столтенберг во интервјуто нагласува и дека НАТО ќе и помогне на Турција да го подобри својот воздушен простор, откако Турција неодамна собори руски воен авион. Алијансата наскоро ќе имплементира пакет0мерки за официјална Анкара.
Тој побара тензијата меѓу Турција и Русија да се реши на дипломатски начин.
– Сега е важно да се смири ситуација и да се воспостави механизам за да се спречат слични инциденти во иднина. Забележуваме значајно присуство на руската војска на северот од Медитеранот. Таму исто така мора да превенираме случувања како инцидентот со Турција.
Јенс Столтенберг побара од Русија да биде поконструктивна во борбата против ИСИС бидејќи според него Русија се концентрирала на други групи кои се против режимот на сиријскиот претседател Башар ал-Асад, кој ја ужива поддршката од Москва.




