Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг: Односите меѓу НАТО и Русија се на најниско ниво од Студената војна

0
By НОВА ТВ on October 21, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 21, 2021 15:27

Односите меѓу НАТО и Русија се на ниско ниво, ситуацијата е најтешка од крајот на Студената војна, но треба да се остави простор за разговори, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

– Мораме да разбереме дека односите меѓу Русија и НАТО се на ниско ниво. Не е било потешко од крајот на Студената војна, рече Столтенберг пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО.
Столтенберг додаде дека и покрај тешкотиите, важно е да се задржат каналите за комуникација со Русија.

– Цврсто веруваме дека кога работите се тешки, кога се соочуваме со предизвици во нашите односи како што сме сега, уште поважно е да разговараме и НАТО ќе продолжи да води конструктивен или значаен дијалог со Русија, рече Столтенберг.

Русија во понеделникот објави дека ги суспендира активностите на својата дипломатска мисија во НАТО по протерувањето на осум руски службеници, кои Алијансата ги окарактеризира како „непријавени руски разузнавачи“ и дека ќе ја затвори мисијата на западниот воен сојуз во Москва.

Министрите за одбрана на НАТО се собраа денеска на дводневен состанок во Брисел, прва средба со физичко присуство од февруари 2020 година. Во претходниот период, состаноците се одржуваа од далечина поради пандемијата на коронавирус.

Министрите ќе разговараат за идните сојузнички напори во борбата против тероризмот по повлекувањето од Авганистан и зајакнувањето на сојузничката одбрана.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.