Published: Thursday, November 26, 2015 08:50
Тоа што Турција, како членка на НАТО собори руски авион укажува на неопходноста од зајакнување на механизмот со кој во иднина би се избегнале вакви инциденти, смета генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Во уводникот што денеска е објавен во повеќе водечки европски весници, тој наведува дека инцидентот бара смиреност и дипломатија и да се унапредат договорите за да се гарантира највисок степен на транспарентност и предвидливост на воените активности во Европа.
– Ова не е нова студена војна, туку повик за будење, вели шефот на НАТО, додавајќи дека ова е реалност која укажува на тоа дека правилникот за европска безбедност е застарен.




